сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Млади таленти

16 годишниот продуцент „PabloBlessed“ од Македонија кој ја освој американската сцена со неговата уметност

16 годишниот продуцент „PabloBlessed“ од Македонија кој ја освој американската сцена со неговата уметност

16 годишниот продуцент од Македонија Павел Николовски или познат како „PabloBlessed“ во соработка со Американскиот рапер „Exotix“ кој што има преку 600.000 месечно слушатели кој се двои со хитот „Ton1ght” кој што има вкупно 20.000.000+ слушања од сите Streaming платформи.

„Се започнува со соништата, но продолжува со голема желба и уште поголема љубов кон тоа што го правиме. До успехот се стига со напорна работа, кога мотивацијата е мала но сепак напорната работа не престанува, кога нема никаква добивка но пак идеме кон целта. Од земја во која хип хопот и трапот се на минимално ниво да се стигне до американската сцена е премногу тешко“, вели Николовски.

Кој е „PabloBlessed“

Се започнало на неговите 9 години кога за прв пат дознал за „FL Studio“ и „Virtual DJ“. Павел Николовски или „PabloBlessed“ поминувал саати седејќи пред својот компјутер за да ги усоврши своите вештини. Но сепак на 9 годишна возраст тоа му било само хоби и не знаел дека тоа „хоби” има голема заработка, па затоа не бил толку сериозен со тоа што го правел.

„PabloBlessed“ покрај правење битови, цел живот се бави со спорт. Тренирал 8 години фудбал и 2 години карате.

Во 2020та година, кога „PabloBlessed“ имал 14 години, за време на карантинот поради ковид вирусот, сфатил дека љубовта кон правењето битови е преголема и дека одлучил да се бави сериозно и да му биде тоа професија. Инспирацијата му доаѓала издавачката куќа „Internet Money“, кои се цела група од познати и успешни продуценти и рапери.

Многу непреспиени ноќи, многу предизвици поминале за „PabloBlessed“ да стигне до ова ниво. Иако „PabloBlessed“ се уште е во средно училиште, знаејќи дека треба да станува рано за на училиште, тој сепак ги поминувал ноќите правејќи битови. Денови каде што не сакал да прави битови но сепак правел, денови каде што сите негови другари играле игри заедно, но сепак тој правел битови, иако му било многу тажно и тешко но сепак вредело.

Никој не верувал дека ќе успее, но имал голема поддршка од своите родители и другари, но најголема поддршка добил од една посебна личност. Својата опрема „PabloBlessed“ ја купил со своите први заработени пари од продавање битови на неговиот „YouTube“ канал каде што има повеќе од 380 објавени битови за купување. „PabloBlessed“ се совладал сам, научил сам да користи midi (синтисајзер), Mix and Master и многу други работи поврзани со неговата продукција. Покрај другите успеси најголем успех има со соработката со раперот „Exotix“.

„PabloBlessed“ успеал својата уметност да ја вметне во неговиот албум наречен „Retribution”, кои што го изработил битот за песната „Iffy”. Следете го и слушајте ја неговата добра музика.

 

Најнови вести