сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Млади таленти

Она што не можат возрасните, можат децата: Во Штип три деца преку музика ќе направат спој на македонската и босанската култура и традиција

Она што не можат возрасните, можат децата: Во Штип три деца преку музика ќе направат спој на македонската и босанската култура и традиција

Приказната на единаесет годишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, БИХ добива нова епизода. Овој пат ќе се спојат децата на Македонија и Босна на концерт. Три детски грла во придружба на нивните професори ќе ги изведат најубавите македонски традиционални песни и босански севдалинки.

,, Децата се најголемото богатство на светот. Македонија, Босна и Херцеговина како и сите други земји од регионот имаат богато културно наследство. Нашата желба е низ оваа позитивна приказна да ги споиме тие две богатства, бидејќи ние немаме ништо повредно од тоа. Децата и традицијата заедно. ” – ни изјави професорот и ментор на Ајдин, Јасмин Брашњиќ.

Штип, градот под Исарот, на 26 јули во 20 часот во Домот на културата ќе биде место каде ќе се создаде нова музичка приказна. Лина Костадинова, која има само 10 години, и која освен со својата виолина, одлично се снаоѓа и во пеењето, заедно со својот постар брат Драган Костадинов, кој има 14 години и освојува први места на голем број домашни и меѓународни натпревари по хармоника, заедно со,, бисерното грло” Ајдин Османовиќ, кој преку соработката со својот ментор Јасмин Брашњиќ, успеа со посебни емоции мноштво македонски традиционални песни, преку музиката ќе направат нови мостови на пријателството.