сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Млади таленти

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Внукот на Иџе стана шампион, сонот на Стефан денес е јаве (ФОТО)

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Внукот на Иџе стана шампион, сонот на Стефан денес е јаве (ФОТО)

Пред 5 години, КУРИР пишуваше за едно мало слатко момче, со големи соништа. Го пофаливме дека веќе тогаш, на негова 7-годишна возраст, донесе голема одлука за својата иднина и професија. Имаше сон кој денес е реалност.

-Јас кога ќе пораснам ќе бидам тркач. Сега ќе се трудам да бидам подобар секоја година. Освен што вежбам, јас постојано гледам трки со автомобили и мотори. И ќе дојде тој ден кога ќе излезам на светските големи трки. Со гордост ќе ја претставувам Македонија. Верувам дека ќе успеам, изјави Стефан за КУРИР во 2018-та година.

И дојде тој ден. Сонот на Стефан стана јаве.

Тој е син на Дејан Стефановски-Џани кој е поранешен автомобилист и шампион на Македонија во ридско-брзинскиот шампионат. Внук е на Игор Стефановски – Иџе. Токму тие двајца му се идоли и најголема поддршка.

ЕКСКЛУЗИВНО: Внукот на Иџе тргна по неговите стапки, малиот Стефан ќе биде идната македонска гордост

Стефан Стефановски денес има 12 години, а зад себе успеси како да има децениска кариера. Секој натпревар му е предизвик, секој успех му е само нов мотив за понатаму. Многу работа, труд, посветеност – тоа е неговиот адут кој го води од победа во победа, од пиедестал до пиедестал. А каде што Стефан крева пехар и награда, таму се вее и македонското знаме..

Затоа ова момче треба да биде македонска гордост!

Се натпреварува во Национални картинг серии во Бугарија и оваа година стана шампион во Ротакс МиниМакс класата . Со оваа титула доби Тикет за учество на Светско првенство во Бахреин на кое ќе учествуваат 400 шампиони од цел свет.

Стефан во 2018-та беше вицешампион на Македонија. Во 2019-та шампион на Македонија и вицешампион на Бугарија…

 

Најнови вести