петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Астронаутот Олдрин ги тужи своите деца

Астронаутот Олдрин ги тужи своите деца

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и поранешната менаџерка, бидејќи наводно го клеветат и му украле пари.

Тужбата, во која е наведено дека тие му забраниле да се ожени, е поднесена откако неговите деца правно побарале да ја преземат контролата врз неговите финансии.

Тие побарале судот да ги именува за негови законски старатели, бидејќи 88-годишниот Баз Олдрин  наводно го губи помнењето.

Неговите деца наведуваат дека новите пријатели на татко им се обидуваат да го одвојат од семејството, а со нив троши и големи суми на пари.

Неговата поранешна менаџерка Кристина Корп изјави дека e неправедно обвинета, откако во тужбата е наведено дека таа со неговите деца ги користела кредитните картички и го клеветела.

Таа нагласи дека извесни луѓе почнале негативно да влијаат врз него и дека е тажна заради сето тоа.

По барање на судот во текот на оваа седмица медицински експерти ќе извршат проценка на неговото ментално здравје.

Астронаутот Баз Олдрин е вториот човек кој одел по Месечината како дел од мисијата Аполо 11 во 1969 година.