сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нора е првата жена кандидат за астронаут од Обединетите Арапски Емирати: Оди на обука во НАСА

Нора е првата жена кандидат за астронаут од Обединетите Арапски Емирати: Оди на обука во НАСА

Како дел од забрзаните подготовки за освојување на вселената и диверзификација на нејзината економија преку вселенската програма, ОАЕ ја избра првата жена, која ќе биде испратена како кандидат за астронаут за обука во американската НАСА.

Државјанката на ОАЕ, Нора ал-Матруши, 27-годишна дипломирана машинска инженерка, моментално вработена во Националната градежна компанија за нафта, ќе се приклучи на годинашната класа на учесници во програмата на НАСА и кандидати за астронаути.

Со развојот на вселенската програма, ОАЕ се обидуваат да развијат нови технолошки и научни можности и да ја намалат зависноста на нејзината економија од експлоатација на нафта, пренесува Ројтерс.