По два месеци минати во карантин поради коронавирусот, пицериите во Неапол, родното место на пицата, повторно се отворени.
Додека на пицериите во Рим и другите градови им било дозволено да прават и доставуваат пици, во Неапол поради густината на населението работењето на пицериите беше забрането, а со цел да се избегне овој град да стане ново жариште на Ковид-19 во Италија.
Работата на пицериите сега повторно е дозволена, но под строги и ризорозни мерки.
Одлуката за отворање на пицериите во Неапол наиде на огромен интерес кај жителите, па во еден ден се продадени околу 60.000 пици.