Секоја година на плажите се појавуваат нови впечатливи реквизити. Еднаш тоа беше големо фламинго, па шарениот еднорог, за најпосле на плажите да може да се види и огромно гумено парче пица.
Годинава, креативците отидоа малку подалеку во своите идеи кои според многумина се бизарни. Па така се креираше розов ковчег на надувување.
Зад истиот стојат дизајнерите Андре Гринбаум и Иан Фелтон, а нивната реализиција започнала како шега меѓу двајцта.
Гумениот розов ковчег, со капак, бил создаден како уметничко дело пред три години со цел да ги исмева сите „чуда“ кои се појавуваат на плажите ширум светот. Авторите рекле дека сакале да направат нешто забавно, опуштено, сатирично и необично.
Тие не се надевале дека нивното дело ќе има толкав интерес. Откако им се обратиле голем број луѓе со прашање каде може да го купат производот, одлучиле да покренат кампања за собирање на средства кои им се потребни за масовно производство.