понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Голема поврзаност меѓу папата, кралската венчавка и Ливерпул: Неверојатен низ на случајности или нешто друго?

Голема поврзаност меѓу папата, кралската венчавка и Ливерпул: Неверојатен низ на случајности или нешто друго?

Светските случувања често се случуваат во необичен низ, па неретко сфаќаме дека историјата на некој начин се повторува.

Еден корисник на Твитер воочи сличен феномен, и тоа во три потполно неповрзани случувања.

Имено, тој забележал нешто потполно бизарно- врска меѓу кралските венчавки, фудбалскиот клуб Ливерпул и папата.

Како се тие поврзани?

Во 1981 година принцот Чарлс се ожени со Дајана, принцезата која беше сакана од народот, но заврши трагично. Потоа, истата година Ливерпул стана првак на Европа. Истата година и папата Џон Пол II за малку не загина, над него беше извршен неуспешен атентат.

Потоа, во 2005 година принцот Чарлс повторно се ожени, со Камила Боулс, со која и денеска е во брак. Повторно истата година Ливерпул стана шампион на Европа победувајќи го Милан во спектакуларното финале во Истанбул. Баш таа година почина папата Џоп Пол II.

Оваа година повторно имаме венчавка на принцот Хери, синот на Чарлс, Ливерпул пак е во финалето на Лигата на шампионите, каде нивните фанови се надеваат на титулата во ова натпреварување, а пак останатите луѓе се надеваат дека нема да има некаква трагедија кога е папата Франциск во прашање.