На Youtube се појави урнебесно видео од жена која намерно се залетува кон автомобил со цел да изнуди оштета од возачот.
Видеото стана хит на интернет! Овој вид на измама и обид за изнуда на оштета е доста застапен во Кина.
Имено многу пешаци глумат дека се повредени од автомобил во сообраќајна несреќа и на тој начин се обидуваат да изнудат оштета од возачите.
Возачите, пак, се обидуваат да се заштитат, поставувајки камери во своите автомобили.