Омар Тејлор (31) преживеал вистинска драма пред да излезе од болница во Велика Британија.
Тој бил во индуцирана кома, а 30 дена бил на респираторна машина, имал два мозочни удари додека бил во кома, воспаление на плуќа и срцето му откажало. На крајот тој го победил корона вирусот и излегол од болница на денот на роденденот на неговиот син.
Најпрво му било кажано дека ќе умре и дека нема да преживее. Потоа му било кажано дека нема да може да оди, но он успеал. Неговото оздравување е чудесно, изјавила неговата сопруга Кејтлин.
Омар сега е дома и се опоравува. Единствен проблем кој што го има е тоа што десната рака не му функционира и слабо зборува, но лекарите веруваат дека и тоа ќе се поправи и ќе биде добро.
„Беше многу тежок период за нас, поготово со две деца. Него го немаше 8 недели, на децата тоа им изгледаше како цела вечност“, кажува сопругата Кејтлин.
Кога Омар излегол од болница му припремиле голема прослава.
Во болницата бил испратен со аплауз, а пред неговата куќа се собрале сите комшии и му честитале за чудесното оздравување.