понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

На оваа девојка и успеа: Со помош на овие четири трика може да заштедите многу пари (ВИДЕО)

На оваа девојка и успеа: Со помош на овие четири трика може да заштедите многу пари (ВИДЕО)

Кана Кембел покрај Јутјуб кариерата е и експерт за финансии. Таа тврди дека со помош на неколку трикови можете значајно да заштедите.

За неполни 13 месеци таа заштедила 13 илјади долари и вели дека е клучно да ги издвоите сметката од која трошите од таа на која штедите.

-Не смеете да имате една сметка затоа што би можеле случајно, или дури и намерно да ја потрошите заштедата. Без разлика дали заштедата ја чувате во перница или на посебна сметка, никако немојте да ги држите на иста сметка, советува таа.

На крајот на денот соберете ги сите банкноти и монети

Кана секојдневно денот го завршува со претресување на своите чанти и паричникот и со собирање на банкнотите и монетите кои ги има.

-Луѓето едноставно ги забораваат монетите, кои им стојат на масите или некаде во автомобилот. Употребете ги на добар начин, тргнете го видокругот за да не ги потрошите на глупости истакнува таа.

Додава дека секој ден би требало да ги проверувате сите сметки што ги имате и од нив остатоците да ги префрлувате на штедната сметка.

Исчистете ја сметката пред плата

-Постои нешто навистина охрабрувачки во тоа на денот на платата на сметката да имате нула. Дури и ако на сметката останал дури еден долар, јас го префрлувам во касичката, вели Кана.

Одредете неделен буџет.

Наместо да користите картичка за секоја ситница, таа советува да си обезбедите одредена количина на пари.

-Си одредувам свој буџет и ако на крајот на неделата ми остана нешто пари повеќе, ги ставам во заштедата, вели таа или ги става во плик во кој чува пари за непредвидени трошоци.

-Убаво е да се знае дека имате некои пари на страна ако се случи нешто непланирано и не се чувствувам крива ако сум го преминала буџетот вели таа.

Претплатете се на кредитна картичка

Ако користите кредитна картичка, Кана советува да осигурате малку повеќе пари на неа.