понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Најпознатиот остров по ноќениот живот го менува имиџот за 180 степени?

Најпознатиот остров по ноќениот живот го менува имиџот за 180 степени?

Повеќе од 500 луѓе излегоа на улиците за да протестираат против пренаселеноста на островот Ибица за време на туристичката сезона, а ова е прв протест на островото кој е познат по ноќниот живот.

Митингот кој беше организиран од локалната група „Проу“ се одржа во Вара де Реи на Ибица во петокот. Демонстрантите сакаат да ја укинат приватизацијата на плажите, парти бродовите, а сакаат и да се намали стапката на криминалот на островот, но и покачување на цените, но и за изнајмување на апартмани.

На крајот тука е и прашањето за вревата поради која мештаните едвај живеат за време на сезоната.

-Ние не го одбиваме туризмот, но одбираме туризан кој е неограничен, претеран и нема почит кон луѓето кои живеат тука, рече претставникот на организацијата Ангелс Ескандел.

Во 2017 година Ибица ја посетиле над 3 милиони и 200 илјади туристи, што е за пет отсто повеќе во однос на претходната година, додека мештани има само 130 илјади.

Локалното население е нервозно, а островот наскоро нема да може да ги поднесе туристите кои, според статистиките, ќе бидат во се поголем број.