понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Не може да престане да плаче: Трудница на снимка од ултразвук на своето бебе видела нешто морничаво (ФОТО)

Не може да престане да плаче: Трудница на снимка од ултразвук на своето бебе видела нешто морничаво (ФОТО)

Идната мајка својата приказна веднаш ја раскажа на локалните новинари.

Додека многу родители на снимките од ултразвук не можат да го познаат ниту сопственото дете, една мајка тврди дека на снимката која ја добила после ултразвукот, го видела лицето на својата покојна баба.

32 годишната Стефани Џексон од англискиот град Ливерпул, завчера го посетила својот гинеколог, во 18-та недела од бременоста, а тој веднаш и направил ултразвук. Но, кога ја добила снимката од своето неродено дете, над него погледнала нешто што ја расплакало.

Иако е навистина тешко да се забележи, 32 годишната жена и нејзината мајка тврдат дека над детето се гледа лицето на нејзината покојна баба, која починала пред 14 години, а со која идната мајка била многу поврзана.

Трудницата вели дека се молела на нејзината баба, затоа што не била сигурна дали таа и нејзиниот партнер ќе успеат да имаат дете.

Имено, нејзиниот партнер Мајкл Дејвис, имал вазектомија пред да се запознаат, поради што се плашела дека никогаш нема да имаат дете. Меѓутоа, тој минатата година направи т.н. „обратен зафат“, со кој ја поништил вазектомијата.

-Мајка ми прва ја воочи баба ми, но ја препознав и јас и сите наши пријатели и роднини. Ужасно сум емотивна и поради тоа од вчера плачам, вели идната мајка, која е толку уверена дека на снимката се наоѓа нејзината баба, па реши приказната веднаш да ја раскаже на локалните новинари, после што стана прав вирален хит.