вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оваа убавица е херој во соседството: Ја победи короната, а тоа што го направи потоа ќе ве натера веднаш да заминете на лекар! (ФОТО)

Оваа убавица е херој во соседството: Ја победи короната, а тоа што го направи потоа ќе ве натера веднаш да заминете на лекар! (ФОТО)

Дваесет и три годишната Христина Јовановиќ од соседна Србија се уште не знае како се заразила со коронавирусот таа и нејзиното семејство.

Првите денови, раскажува таа не биле лесни, но за среќа таа и нејзината мајка имале благи симптоми како што е покачената температура, додека нејзиниот татко и сестра биле без симптоми.

-Проблемот беше тоа што вирусот за мене беше непознат и ме држеше во неизвесност. Во почетокот почувствував голем притисок од околината, едноставно страв и паника владееше кај нашите пријатели и роднини, соседи, така да многу се грижеа за нас и ние за нив, вели Христина.

Таа додава дека како поминувало времето без здравствени тегоби дознавала и дека луѓето со кого била во контакт се добро.

-Стравот исчезна, а изолацијата ја користев да ги подготвам испитите, вели таа.

Од како ги слушнала информациите и новото откритие околу вирусот решила и покрај тоа што е редовен дарител на крв да донира и плазма.

-Кога почна да се зборува за донирањето на плазма за пациентите кои се болни од Ковид-19 апсолутно немав никаква дилема околу тоа да донирам крв. Имено мојот татко не пријави нас тројца, а јас сум единствената која ги задоволуваше критериумите кои се поставени за дарување плазма, вели таа.

Инаку овој нејзин потег натера многумина веднаш да заминат на лекар и да се прегледаат дали можат да донираат крв или пак плазма.