Леа Роуз и Ава Марија живеат во Лос Анџелес, и веќе имаат 139.000 обожаватели на социјалните мрежи.
Нивната мајка Џеки почна да поставува нивни фотографии на Инстаграм во јули оваа година.
Познати под името „Близначките Клементс“, тие веќе имаат потпишано и договор со модни агенции.
Рекламираат облека по бројни ревии и списанија.
Во светот на моделството влегоа на предлог на нивната мајка, пренесува Дејли Мејл.
„Им го предложив тоа на моите девојчиња. Тоа беше само додаток на часовите по танц и пливање на кои идеа секоја недела. Не бев изненадена кога почнаа да се радуваат на тоа“, изјави мајка им.
Девојчињата сите ги опишуваат како апсолутно убави и реално магични девојки, а некои дури и ги означуваат како најубави во светот.
Сепак има и такви кои ги критикуваа затоа што се чинело дека на некои фотографии носат шминка.
Сестрите не се единствени модели во семејството, затоа што нивниот брат Чејс Роберт исто така се заниава со оваа дејност и има свој Инстаграм налог.