понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Путин му го покажа на светот руското чудо: Претседателот седна во камион и прв возеше по новиот мост (ВИДЕО)

Путин му го покажа на светот руското чудо: Претседателот седна во камион и прв возеше по новиот мост (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин отвори за сообраќај мост кој ќе ги поврзе Крим и Русија.

Мостот ќе го намали сообраќајот на полуостровот.

Путин седна во камион „камаз“ и прв се повози на новиот мост.

Тој им честиташе на работниците, што го завршија мостот шест месеци порано од поставениот рок.

Кримскиот мост е долг 19 километри, најдолг е во Русија и Европа а иде преку Керчковиот премин кој го раздвојува Азовското море од Црното и го поврзува полуостровот Керч на

Крим со Таманскиот полуостров на југот на Русија.

Путин пушти во промет автопат со 4 ленти на кој нешто подоцна ќе ми се изгради и железничка пруга.

Изградбата на мостот започна во 2016 година руската држава и ја додели довербата на компанијата на рускиот милијардер Аркадија Ротенберг, кој инаку е добар пријател на Путин.