Во зависност од тоа дали на сликата прво гледате врзан човек, ограда, чамец или череп, ќе откриете кои се вашите слабости во љубовта, кои можат да ви ја уништат врската, но ќе наидете на решение за проблемите.
Заврзан човек
Постојано сте во внатрешен конфликт со самите себе. Ако навистина сте во потрага по вистинската љубов, прво мора да најдете љубов во себе и да разрешите некои дилеми. Борбата со внатрешниот мир не е воопшто лесна, но само тоа ќе ви помогне во решавањето на конфликтите кои ве „јадат“ одвнатре. Дури тогаш, ќе дојде љубовта.
Ограда
Ако прво видовте ограда, значи дека вашата најголема слабост е тоа што сте премногу затворени во себе. Ако не преземате ризик и не се отворите кон другите, ќе останете сами. Природно е да сакате да се заштитите, но не претерувајте со тоа. Спуштете го штитот и тргнете да се отворате чекор по чекор. Ако не ризикувате, ништо нема ни да добиете.
Чамец
Вашиот проблем е во тоа што стандардите ви се поставени толку високо, што никој не може да ги достигне. Секако дека не треба да се задоволите со било што, но пред да отфрлите некого, запрашајте се дали и вие сте толку совршени? Не фантазирајте за идеални луѓе, бидејќи така си ја кратите можноста за љубов.
Череп
Вашето претерано грижење за работите и нервозата може да ја уништат секоја врска. Во ред е да се биде внимателен, но вие сте претерано внимателни и плашливи што гушите се околу себе. Секогаш ќе има работи кои ќе ви предизвикуваат страв, но тоа не значи да не се спротивставите со цел да ја добиете посакуваната љубов.