Матуранта од САД стана интернет сензација поради необичната креација на својот фустан за матурската. Таа користела лепливи траки за да го направи својот фустан.
Пејтон Манкер во јануари одлучила да оди на матурска прослава, не ни помислила дека ќе стане позната по социјалните мрежи нејзината креација.
Матурантите имаат традиционално натпреварување, каде тој што има најдобра креација добива награда од 10.000 долари.
Пејтон најпрво планирала да направи фустан со тематика од некои од сликите на Леонардо да Винчи, но кога започнала пандемијата ја сменила темата. Пејтон изјавила дека сакала креацијата да има тематика поврзана со случувањата во светот.
Иако матурската прослава е откажана, токму поради коронавирусот, тоа не ја спречи Пејтон да вложи труд во креацијата. Таа вели дека и биле потребни 395 часа.
Фустанот не го носела пред другите матуранти, но фотографиите кои ги објавила на Фејсбук станаа вирални, а споделени се повеќе од 250.000 пати.