четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Баба се вакцинирала против коронавирус, од лекарот добила рецепт кој го расплака светот

ВИДЕО: Баба се вакцинирала против коронавирус, од лекарот добила рецепт кој го расплака светот

Џесика Шо на Твитер објавила фотографија со лекарски рецепт кој го добила нејзината мајка откако се вакцинирала против коронавирус и расплака многумина.

На рецептот докторот напишал: „Смеете да ја прегрнете вашата внука“.

Шо објави и видео како нејзината мајка и ќерка се прегнуваат прв пат по една година. Бабата се расплакала во емотивната прегратка. Видеото растажи многумина кои го чекаат моментот кога ќе можат да ги прегрнат своите членови на семејството.

Откако ја примила втората доза на вакцина против Ковид-19, за Си-Ен-Ен истакнала дека прегратката ќе ја памети до крајот на животот.