Безбедносните камери поставени во еден автобус во Краснојарската покраина, покажале како патник удрил кондуктерка во глава, бидејќи му рекла дека мора да носи заштитна маска.
Мажот влегол во возилото, но немал маска, односно кондуктерката му дала една.
Меѓутоа, изгледа дека целиот овој процес не му се допаднал, па пред да се симне на својата станица, ја дрил жената во глава.
Таа не му останала должна па тргнала кон него и сакала да му возврати, но тој ја удрил неколку пати со нога. Останатите патници сето тоа го набљудувале. Кондуктерката била испретена во болница, но не се здобила со поголеми повреди.
Руската полиција потоа соопштила дека после три дена насилникот бил уапсен и дека му бил одреден притвор од 13 дена.