Хаос избувна во продавница на Икеа во Шангај во саботата, откако клиентите почнаа да бегаат од властите кои се обидоа да ги стават во карантин.
Здравствените власти се обиделе да ја затворат продавницата откако клиент бил во близок контакт со лице кое било позитивно тестирано за Ковид.
На видеата се гледа како обезбедувањето во еден момент се обидува да ја затвори вратата, но толпата од другата страна насилно ја отвора и бега.
Yesterday, an abnormal health code case was presented at an IKEA in Shanghai, & the entire mall was suddenly blocked🥶
Some ppl forced their way out for fear of being sent to concentration camps, but there is actually nowhere to escape under #AmazingChina’s digital surveillance pic.twitter.com/MWpbTOJ3kz
— Donna Wong💛🖤 (@DonnaWongHK) August 14, 2022
Претходно оваа година, Шангај беше во двомесечна блокада, а оттогаш, во градот со 20 милиони луѓе, поради строгата стратегија „нулта случаи на ковид“, наредено е итно заклучување на места каде што има позитивни случаи. Затоа, многумина беа заклучени на необични локации, вклучувајќи ресторани, спортски сали или канцеларии.
Ненадејното затворање на продавницата на Икеа беше наредено поради близок контакт на шестгодишно момче кое беше позитивно тестирано по враќањето од патување во Тибет, изјави заменик директорот на здравствената комисија во Шангај, Жао Дандан.
Оние кои беа во Икеа и околните области мора да бидат изолирани два дена, по што ќе бидат следени пет дена, објасни Жао.
До недела беа откриени речиси 400 блиски контакти на шестгодишното момче, кое е асимптоматично, а на дури 80.000 луѓе им беше наредено да одат на тестирање.
Кина се придржува до својот пристап за „нула случаи на ковид“ за да се спречи ширењето на коронавирусот, и покрај фактот што таквиот пристап има големо влијание врз економијата, а јавноста се повеќе се противи на тоа, пишува Би-Би-Си.
Сцените на паника во Икеа следеа по објавувањето на видеото минатата недела на кое се прикажуваат луѓе во друг дел на Шангај како излегуваат од зградата поради гласините за абнормален резултат од тестот за Ковид.
Заклучувањето ширум Шангај претходно оваа година доведе до широко распространети извештаи за недостиг на храна и лоши услови за живеење во карантинските центри.