среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

4 намирници кои влијаат негативно на здравјето на кожата: Промените во лицето се резултат на неправилна исхрана

4 намирници кои влијаат негативно на здравјето на кожата: Промените во лицето се резултат на неправилна исхрана

Како што правилото е дека очите се огледало на душата, така и кожата е огледало на здравјето. Кога станува збор за нејзиниот изглед, најчесто се споменуваат козметички препарати. Сепак, она што често го занемаруваме, а има големо влијание врз изгледот и јачината на кожата, е исхраната.

Докторот и натуропат Нигма Таиб претстави инфографик кој ги открива последиците во форма на четири типа на луѓе – оној кој е чувствителен на вино, односно шеќер, глутен и млечни производи.

1.Винско лице
Симптомите на винско лице се мозолчиња групирани ниско на челото и помеѓу веѓите, црвенило на образите, нагласени пори на лицето и дехидрирана кожа што ги потенцира брчките на челото, околу очите, носот и усните.
Црвеното вино може да биде многу здраво за организмот, но само доколку го консумирате умерено. Пиењето поголемо количество вино, односно повеќе од две чаши на ден, прво ќе се рефлектира на лицето во форма на несакани симптоми.
Алкохолот го дехидрира телото и дополнително го оптеретува црниот дроб, а овој ефект влијае на целосниот дигестивен систем, што значително се рефлектира на кожата на лицето, која станува сува и безживотна, па дополнително ќе ги потенцира малите брчки.

2.Глутенско лице
Типични симптоми се отечени и црвени образи, акни што се појавуваат на вилицата, како и точки на пигментација околу брадата.
Се проценува дека околу 15 проценти од луѓето се чувствителни на глутен, а најчеста последица е „отечено лице“ што се јавува како резултат на воспаление, кое телото го произведува како реакција на глутен.

3. Млечно лице
Отечени очни капаци, како и пределот под очите со изразени темни кругови под очите се типични симптоми кај луѓе кои немаат толеранција кон млечни производи. Мали бели мозолчиња често се појавуваат на лицето, особено во областа на брадата.
Сите овие можат да бидат знаци дека телото не толерира лактоза поради губење на одредени ензими. Некои од причините може да бидат хормони кои често ги има во млекото и млечните производи како јогурт, сирење, павлака …

4. Шеќерно лице
Кај лице кое е чувствително на шеќер, најчести симптоми се брчки и линии на челото, оток на подрачјето под очите, како и чувство на сува кожа. Исто така, чести се болни, поткожни мозолчиња што можат да се појават на која било област на лицето.
Шеќерот е предизвикувач на процесот во кој молекулите на глукозата се врзуваат за колаген, поради што станува крут, а кожата ја губи еластичноста.