Обично машката популација не сака да носи паричник и редовно има финансиски проблеми.
Не мора да го носите со себе, но користете го дома. Во него чувајте дел од парите. Редовно дополнувајте го и земајте од него. Паричникот може да биде во спалната или на работната маса. Важно е да го имате, да биде ваш и да го отварате почесто.
Која боја?
– За жени: златен, но и црвено златен (црвеното е оган, златното е метал; огнот го топи металот и го претвора во течно злато. За мажите браон со златни детали (браонот- земја – стабилност, златно – метал; Земјата создава метал = постојани приходи.
Дали сами го купувавте?
– Правило е секогаш сами себе да си го купите, бидејќи не знаете каква судбина, карма и енергија по прашање на финансиите има лицето кое ви го купила праичникот, и друго – дали таа личност ви го подарила празен?
Дали паричникот ви е среден?
– Ако парите не се убаво наредени, тогаш е неред и блокираност во паричникот во енергија на вашите финансии, како и во домот. Неред во паричникот го покажува ваше непочитување спрема парите.
Дали новчаникот ви е полн со книжиња и визит картици? – Во него никогаш не смеете да носете неплатени па дури и платени сметки, бидејќи секогаш ќе привлекува енергија за трошење. Пожелно овие работи да ги носите одвоени.
Дали сте горди на вашиот паричник?
– Треба да бидете горди на својот паричник, ако не го сакате, нема да можете и да го “полните”. Кога купувате паричник, одберете го оној кој најмногу го сакате.
Колку пари носете во него?
– Метафизичката тајна вели дека треба да имате малку повеќе во паричникот од вообичаено, бидејќи тоа привлекува уште поголем прилив на пари.