Џоди Томас од Велс не ни сонувала во што ќе се претвори нејзиното одење да купи кондури со ќерката.
На Фејсбук таа сподели фотографија на кои го покажа стапалото на ќерката Сиена, која пробала кондури без чорапи.
-Ги предупредувам сите родители на детето да му облечат чорапи пред пробувањето на нови кондури. Јас сум крива што тоа не го направив и сама, а последицата може да биде инфекција која се шири по тело, напиша вознемирената мајка.
Имено, на нејзината ќерка и е дијагностицирана сепса, а лекарите веруваат дека развила поради бактерија која девојчето ја добива во кондура, а која влегла во отворена рана на нејзиното стапало.
-Не знаете чии стапала биле во кондурите пред вашите или кој ги допирал со рака. Сиена имала пеколен исход, а за среќа успешно се излечила, додава Џоди.
-Кој би помислил дека некој би бил толку болен поради испробување на нови кондури? Ако одете во шопинг на кондури, понесете и пар чорапи со вас.
Сепса е сериозна компликација од воспаление, која ако не се лечи може да доведе до откажување на органите и смрт. Експертите советуваат лекар да се посети веднаш ако детето изгледа сино или бледо, многу е летаргично и тешко е да го разбудите, забрзано дише, има дамка која не бледи на притисок од прст или се жали на болки.
Тие додаваат дека на сепсата може да укажуваат уште неколку симптоми, а тоа се превисока или прениска температура на телото, проблеми со дишењето, јадењето и пиењето, повраќање, изостанок на мокрење, плач, збунетост, вкочанет врат и раздраснетост.