недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Бремените жени не смеат да пијат многу кафе, еве зошто

Бремените жени не смеат да пијат многу кафе, еве зошто

Бремените жени кои пијат премногу кафе прават дополнителен ризик новороденчињата да бидат родени со намалена тежина, велат  британските експерти.

Следејќи го овој податок, англиската Агенција за стандарди за храна го намали препорачаното внесување на кофеин кај бремени жени од 300 до 200 мг дневно.

Бидејќи намалената телесна тежина на бебето е поврзана со срцеви заболувања и дијабетес многу здравствени институции ја прифатија оваа препорака.