Ова растение е повеќе од лековито
Моќта на ова растение е огромна и е многу занемарена бидејќи многумина не ни знаат колкава е неговата благотворност за нашето здравје. Смилот кај народот е познат како растение на бесмртноста, има жолта боја и има интересен изглед, а во едно од неговите цветови, покрај мирисната нота, може да се најде и одличен извор на блескав тен и добро расположение.
Интересен податок е дека смилот расте на Балканот
Експертите тврдат дека жените наместо да трошат многу пари на козметика, се одлучуваат за ова средство за подмладување бидејќи тоа ќе биде поефективно од хемиските третмани.
Својата уникатност ја должи на специјалните состојки, антиоксидантите, кои ги регенерираат молекуларните оштетувања на кожата. Покрај тоа, содржи флаваноиди, есенцијално масло, танини и многу други елементи кои се од витално значење за сјајот на тенот.
Се смета за тајна на убавината на жените од Медитеранот бидејќи секојдневно го користат и со него ја негуваат својата сјајна кожа.
Маслото од смил го спречува сушењето на кожата со тоа што и дава влажност и ја прави помека и посјајна. Доколку имате проблем со лузни од акни, препорачливо е да ја третирате кожата со овој препарат бидејќи ќе ги намали трагите од оштетување на кожата по некое време.
За оние со зрела кожа, важна информација е дека тој го ревитализира колагенот и и дава на кожата доволно врзувачки влакна кои се губат за време на стареењето.