Веројатно досега сте слушнале дека мажите, дури и кога ќе пораснат, продолжуваат да се однесуваат како деца. Многумина веруваат дека во машко-женските односи, жените секогаш се тие кои ја превзмаат одговорноста и се однесуваат позрело, а кусото истражување на Оксфорд има одлично објаснување за ова.
Истражувањето објавено на овој Универзитет се занимавало со проучување на разликите во зрелоста во развојот меѓу мажите и жените.
Целта на истражувањето била да се открие кои функции на мозокот се менуваат за време на процесот на созревање, а кои остануваат исти. Се користела и магнетна резонанца за да се видат активностите на мозокот на 121 учесник на возраст од 4 до 40 години.
Резултатите покажале дека иако мозоците на мажите имаат ист потенцијал за функционирање во секојдневниот живот, тие често покажуваат одредено одложување во долгорочниот развој на фукционалната мрежа во споредба со жените.
Тоа може да трае околу 40 години, се наведува во резултатите во истражувањето. Меѓутоа важно е да се нагласи дека жените многу порано покажуваат влошување на овие функционални мрежи.
Професорот Едуардо Калито од мексиканскиот UNAM објаснил дека иако мажите имаат поголем мозок, жените често покажуваат подобар резултат и се поостри во неколку аспекти. Додал дека тоа се случува заради хормоналните разлики.