вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ДАЛИ ВАШАТА КОСА ИЗГЛЕДА БЕЗЖИВОТНО ПО ПЕГЛАЊЕТО? Веројатно ги правите овие грешки, а еве како ќе го зголемите волуменот

ДАЛИ ВАШАТА КОСА ИЗГЛЕДА БЕЗЖИВОТНО ПО ПЕГЛАЊЕТО? Веројатно ги правите овие грешки, а еве како ќе го зголемите волуменот

Многу жени со задоволство се враќаат на оваа класика, или со фенирање на фризер или со пеглање на косата дома. Меѓутоа, често грешиме, колку и да изгледа едноставно пеглањето, поради што нашата фризура нема доволно волумен и изгледа безживотно.

Често со пеглата силно ја притискаме косата, што е сосема погрешен потег, иако ни се чини дека поефикасно ќе ја испегламе. Исто така, избегнуваме набрзина да ја делиме на помали прамени, што е пресудно при пеглањето.

Најдобро е вака да се пегла!Што ви треба?
– Фен
– пегла
– лак за коса
– регенератор

Што да се прави?
Кога ја миете косата, исцедете колку што можете повеќе вода. Нанесете регенератор кој се остава, потоа исчешлајте ја косата и погрижете се рамномерно да го нанесете регенераторот на вашата коса. Брзо исушете ја косата со фен, поминувајќи со врвовите на прстите низ неа, додека 3/4 од вашата коса не се исуши. Доколку имате време, можете да оставите да се исуши природно до крај.

Кога косата целосно ќе се исуши, поделете ја на мали, рамномерни делови околу главата. Клучот е да ја разложите на помали делови.

Важно за волумен: кога ќе поминете со пеглата, не ја притискајте до крај, туку оставете ја малку отворена, за косата да добие доволно топлина и истовремено да го задржи волуменот. Конечно, можете да истурете малку серум за сјај на вашите дланки (не директно на вашата коса!), а потоа нанесете на врвовите.

Конечниот идеален чекор е да ја превртите косата надолу и да ја испрскате со лак; поминете со прстите низ косата за рамномерно да го распоредите лакот. Уживајте во луксузниот волумен!

Плус совет: можете да закачите неколку виткачи, почнувајќи од краевите на секој од тие поделени делови на косата, да ги завиткате и прицврстете ги. Внимателно извадете ги по петнаесет минути.