На балканските простори некогаш се верувало дека секој месец има свое значење и според него се одредува успехот на бракот.
Јануари – Стапи во брак додека годината е нова – тој ќе биде заљубен, добар и искрен.
Февруари – Кога февруарските птици спијат, не се венчавај, туку плаши се од својата судбина.
Март – Ако се омажиш во периодот кога дува мартовски ветер, ќе имаш и уживање и солзи.
Април – Ако сте во можност, венчајте се во април, тоа е идеално уживање и за него и за неа.
Мај – Секоја свадба која се одржала во месец мај била несовршена.
Јуни – Ако се омажиш во период кога растат јунските рози, ќе мора да обиколиш и копно и море заради партнерот.
Јули – Оние кои ќе се венчаат во јули ќе мора да работат само за да се прехранат.
Август – Оние кои се венчани во август ќе поминат низ големи промени во текот на животот.
Септември – Склучувањето на брак во црква во овој месец ќе ви донесе богат и добар живот.
Октомври – Ако се омажиш или ожениш во овој месец, љубовта ќе расте, но богатството ќе се намалува.
Ноември – Ако се венчате во темниот ноември, можеби ќе треба време, но уживањето ќе дојде.
Декември – Кога ќе падне првиот снег, омажи се и заколни се на искрена љубов која ќе трае.