Ники Гарлик и нејзиниот сопруг Келси, од американската сојузна држава Илиноис, дознале дека чекаат бебе само неколку часа пред породувањето.
Двајцата претходно имале проблеми со зачнувањето и мислеле дека веројатно никогаш нема да можат да имаат биолошко дете. Поради ова, тие одлучиле да посвојат две деца кои сега имаат четири и шест години.
Меѓутоа, Ники ненадејно се породила на почетокот на овој месец. Го добија и синот Чарли. Ники работи како учителка, а на 1 февруари, за време на час, добила болки. Побарала лекарска помош и како што вели, така таа и сопругот дознале дека е бремена во 34-та недела.
–Бев дома и ги чував нашите две деца кои ги посвоивме. Ники ми ја кажа добрата вест. Бев шокиран кога ми кажа дека е речиси во деветтиот месец од бременоста, изјави Келси за списанието „Пипл“.
Породувањето одело тешко и лекарите морале да направат царски рез бидејќи имало опасност Ники да доживее мозочен удар и бебето можело да умре. Но, за среќа сѐ завршило добро.
Двојката собира и пари преку донации на страницата „GoFundMe“, оти Ники нема платено породилно отсуство, а сѐ уште заздравува од операцијата.