сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Една е најдобар ди-џеј, а друга супер гимнастичарка: Кога ќе дознаете колку години имаат и што прават ќе се шокирате (ФОТО)

Една е најдобар ди-џеј, а друга супер гимнастичарка: Кога ќе дознаете колку години имаат и што прават ќе се шокирате (ФОТО)

Гинисовата книга на рекорди за 2019 година веќе може да се најде во продажба низ светот. Уште еднаш, оваа голема книга, со големи соништа, претставува збирка на неверојатни достигнувања, фантастични подвизи и чудни таленти.

Многу храна и интересни колекции има и во изданието на книгата со рекорди за 2019 година, а годинава од Гинис одеа подалеку од рекордните титули, навлегувајќи во личноста на самите рекордери за да се открие што е она што ги поттикнало да станат официјално неверојатни, бележат од Гинисовата книга на рекорди.

Меѓу ѕвездите на изданието за 2019 година е и Сумико Ивамуро, позната како диџеј Сумирок. Оваа жена има 83 години и 130 дена. И, иако многумина би рекле дека на таа возраст забавувањето е завршено, тоа не важи за Сумирок, која пуша музика во ноќен клуб во Токио. Со тоа жената го заработи Гинисовиот рекорд за најстар професионален клубски диџеј.

Осумдесет и четиригодишната Бети Годхарт пак го држи рекордот за најстара изведувачка на летечки трапез која што се уште настапува. Бети е поранешна професионална во лизгање на мраз. Оваа жена секогаш била активна и имала желба да настапува на трапез уште како дете, но немала шанса се до својата 78-ма година.

-Овој рекорд на мене многу ми значи. Зачудена сум што успеав. Забавно е да се прави невозможното, изјавила Бети Годхарт.