Бидејќи последниот ден пред Христовото Раѓање- Божиќ е строг пост, се подразбира дека на трпезата не треба да има јадења кои содржат масло.
Па така, на трпезата може да имате посно гравче, посна леќа, или некое друго вариво од зеленчук. Варени или печени костени, варена пченица, макало од грав и компир, јаткасти плодови, овошје…
Постот на вода исто така подразбира дека не треба да се пие алкохол, па така, виното оставете го за Божиќ.
Лебчето со паричка, според православната традиција, се прави на Василица, не на Бадник.
Задолжително, пред почетокот на ручекот или вечерата, треба да се каже молитвата кон Бога.
Како да приготвите посно гравче на вода:
За четири лица:
– 300 г. бел грав
– 2 средни моркови
– 1 голем компир
– 1 страк праз
– 1 средна главица кромид
– половина домат
– половина црвена пиперка
– половина чешне лук
– 5 г. свеж ѓумбир
– сол по желба
Гравот се кисне преку ноќ, потоа се зоврива во една вода која се исфрла.
Потоа се налева повторно со ладна вода, се додава останатиот зеленчук и се вари околу 1/5 до 2 часа на средна температура.
Кога ќе биде сварен гравот се исклучува топлината, но не се трга на страна, се блендира сиот зеленчук и се враќа назад, постојано мешајќи дури не се соедини содржината.
Вака подготвен без масло, гравот, освен што е превкусен, добива дополнително здрава димензија.
Доколку на Бадниковата трпеза сакате да има и нешто благо, еве еден рецепт:
Посна мрзлива пита со јаболка (за пост на вода)
Потребни состојки:
За тесто:
250 мл мед
250 мл пиво
2 лажици шеќер
Рендана кора од ½ лимон
½ кесичка сода бикарбона
400 г брашно, по потреба
За фил (се мешаат сите состојки заедно):
7-8 рендани јаболка
2 лажици гриз
2 лажици мед
Цимет, каранфилче, мускантно оревче, по малку, според вкус
Рендана кора од ½ лимон.