Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божиќ. На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биде скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.
Многу обичаи кои врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.
Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:
-На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено
-Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе
-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година
-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.