петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еве зошто немате пари: Ова се главните причини, а една од нив е наследна

Еве зошто немате пари: Ова се главните причини, а една од нив е наследна

Неколку се причините за тоа да не се разбирате со парите.

Живеете со родителите

Ако живеете на два чекори од мајка си, време е да ги исклучите од плановите одењето таму за вечера или за перење алишта. Ако имате можност оддалечете се и превземете го животот во свои раце. Да, дури и вечерата на масата и порцијата валкани алишта за перење. Животот нема да ви се промени, додека вие самите не го промените.

Не се разбирате доволно околу економските прашања

Повеќето луѓе дури и не ги разбираат основите на економијата во домаќинството. На овој начин не успеваат да управуваат со своите ресурси. А ова е од големо значење за управување со сопствените финансии, колку и мали да се тие.

Буџетот ви го блокира размислувањето

Можеби родителите ви рекле: “Секоја заработен денар се заработени пари.” Кога штедите, е исто како да играте во одбрана, а не во напад. Променете го размислувањето за штедењето.

Политичарите, Велигденското зајаче и Дедо Мраз

Идејата дека еден политичар може да го спаси светот, не наоѓа докази на пракса во текот на последните 50 години.

Финансиска апатија

Не може да имате пари, ако не обрнувате внимание на своите финансии. Исправете се пред вистината за својата финансиска состојба и започнете од овој момент да ставате во ред работите. Инаку ситуацијата ќе станува сè полоша. Секоја недела правете анализа, независно од финансиската положба која ја имате.

Прашање на избор

Денес секој сака да биде директор. Но, погодете што! Некој мора и да ја врши работата. .

Се споредувате со сиромашните

Идејата дека финансиската положба ви е подобра од таа на некој кому му е полоша во овој поглед, не е здрава. На овој начин побрзо барате оправдување за тешкотиите си. Тоа е еднакво на финансиско самоубиство.

Работа од 9 до 5

Всушност работното време од 9 до 5 значи 40 работни часа неделно. Многу луѓе со сопствен бизнис работат двојно повеќе. Значи не се жалете и не се оправдувајте дека немате време за ништо на страна. Само споменете си колку успешни финансиски луѓе работат по 40 часа неделно?

Ако финансиската положба не ви е добра, признајте го тоа пред себе и направете го првиот чекор кон промена. Вториот чекор е да се откажете од тоа да ја барате вината во некој друг. Преземете одговорност и ставете ги во ред приходите – престанете да заштедувате, почнете да работите повеќе и пресретнете ги сите ваши трошоци.

Парите не се најважното нешто, бидејќи не тие ќе ве направат среќни. Но добро е да имате пари, за да може мирно да создадете семејство и да се грижите за него.