Ако некогаш сте се запрашале која должина на коса најмногу одговара на вашето лице, ви претставуваме практично математичко решение.
Тоа е формула според која лесно можете да дознаете дали ви одговара на кратка или долга коса.
Експертите од Џон Фрид го измислија таканареченото правило од 5,5 сантиметри.
Се што ви треба е огледало, молив и линијар.
Формулата од 5,5 сантиметри ја гледа должината помеѓу брадата и ушната ресичка за да одреди дали повеќе ви одговара долгата или кратката коса.
Како правилно да се измери лицето?
Застанете пред огледало.
Земете молив и ставете го хоризонтално под брадата.
Поставете го линијарот под прав агол на моливот и кон увото.
Измерете го растојанието помеѓу ушната ресичка и брадата.
Доколку измереното растојание е помало од 5,5 сантиметри, ви одговара кратка фризура. Ако е поголемо од 5,5 сантиметри, подолгата коса најмногу ќе ви одговара.