Една обична објава на блогерка на Фејсбук, станала голем хит, откако сфатила дека не облекла здолниште, туку навлака за седиште.
Лори Фарел на својот Фејсбук профил споделила фотографија од својата „модна грешка“, а со тоа насмеала многумина и станала вирална на социјалните мрежи.
Сè започнало кога Лери, која чека дете, добила вреќа со облека за детето од пријателките.
„Една пријатека ми да даде куп работи за бебето, од облека до ќебиња, па не бев сигурна за што станува збор кога го извадив тоа“, објаснила таа за Motherly.
Додала дека се двоуми дали ќе се испере парчето ткаенина кое го нашла, но потоа, кога видела дека се отвора од страната, помислила дека сигурно станува збор за трудничко здолниште.
View this post on Instagram
Иако не била сосема сигурна во тоа, сепак го облекла „здолништето“.
„Кога дојдов на работа и пребарував на интернет за брендот, сфатив дека тие не само што не продаваат облека, туку дека станува збор за навлака за седиште.“
Нејзината објава насмеала многумина и станала хит, која само на Фејсбук е споделувана повеќе од 60.000 пати.
Тоа му било симпатично на брендот од Чикаго, које всушност заслужен за оваа навлака.
„Благодарам за најдобрата работа која сме ја виделе некогаш“, напишале од компанијата на Инстаграм.