сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Интелигентните жени никогаш не ги користат овие 8 фрази додека разговараат

Интелигентните жени никогаш не ги користат овие 8 фрази додека разговараат

Секој сака да има убава и пријатна комуникација со другите луѓе, а за да го постигнете тоа добро е да избегнувате фрази кои можат да повредат нечии чувства или да им дадете до знаење на другите дека не ви е грижа.

Ова се осумте најчести:

„Изгледаш уморно“

Кога ќе кажете некому дека изгледа уморно, не кажувате ништо убаво. Уморно подразбира дека луѓето не се многу привлечни, ги замислуваме со темни кругови под очите и лоша фризура, дефокусирани и нерасположени.

Наместо тоа, прашајте ги како се, дали можете да им помогнете и обидете се малку да ги расположите. Така ќе знаат дека се грижите за нив.

„Многу си ослабела“

Овој добронамерен коментар открива дека сте многу критични. Кажувањето некому дека изгубил многу килограми сугерира дека личноста порано изгледала непривлечно. Наместо тоа, свртете се кон позитивното и комплиментирајте им за нивниот добар изглед.

Споредбата со нешто од порано никогаш не е целосно позитивно, со тоа давате дознаење дека порано сте имале мислење колку лошо изгледала таа личност.

„Секако беше премногу добра за него“

Ако вашата пријателка штотуку ја раскинала врската, ваквиот тип на коментар може навистина да ја повреди затоа што во основа ѝ кажувате дека направила лош избор за себе.

Наместо тоа, поддржете ја и свртете се кон иднината.

„Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“

Луѓето не се еднодимензионални, ниту е нивното однесување. Не постои личност која „секогаш“ или која „никогаш“. Овие фрази се создадени за да поттикнат расправии бидејќи ги ставаат луѓето во дефанзива, што воопшто не е добро бидејќи во вакви ситуации најчесто се користат се аргументи.

Наместо тоа, најдобро е да се фокусирате на проблемот, да разговарате за тоа што направила личноста и да се држите до фактите. Ако е нешто што е повторено неколку пати, подобро е реченицата да се започне со „често“ наместо со „секогаш“ или „никогаш“.

„Како што и претходно реков…“

Сите забораваме, од време на време. Оваа фраза звучи како да сте навредени затоа што треба да повторите нешто, а тоа нема да му помогне на примачот на пораката отворено да ја прифати, напротив, ќе се затвори.

Наместо тоа, кога повторувате, видете што можете да направите за да ја пренесете пораката на поинтересен и појасен начин. На овој начин, сите ќе се сетат што сте кажале.

„Барем јас никогаш не сум…“

Оваа фраза е всушност агресивен начин да го оддалечите вниманието од вашата грешка со укажување на стара, можеби неважна грешка што ја направила другата личност (она што досега сте требале да ѝ ја простите).

Секогаш е најдобро да се извините и да ја признаете направената грешка, што може побрзо и полесно да ве доведе до потенцијално решение во разговорот. Признавањето на вината е неверојатен начин да се спречи ескалација.

„Од тебе зависи“ или „Како сакаш“

Иако можеби не ви е важно тоа што некој ве прашува, вашиот одговор нему му е важен. Затоа и ве прашува. Значи, наместо да му кажете „Од тебе зависи“ или „Како сакаш“, дајте му го вашиот увид во проблемот. Кога го кажувате своето мислење, тоа покажува дека се грижите за личноста која ви го поставила прашањето.

„Добро изгледаш за твоите години“

Користењето на „за твоите“ како референтна точка звучи непристојно, понекогаш дури и грубо. Никој не сака да биде „паметен за спортист“ или „витален за врсниците“. Луѓето само сакаат да бидат паметни и здрави.

Наместо тоа, кажете ѝ на личноста дека изгледа добро или одлично. За искрените комплименти не се потребни квалификации и споредби.