Околу 13,4 милиони бебиња во 2020 година во светот се родени предвреме.
Студијата за предвремено породување ја објавија авторите на Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.
„Проценетите 13,4 милиони бебиња се родени предвреме (пред 37 недели од бременоста) во 2020 година, што претставува приближно едно од десет од сите живородени деца“, се вели во извештајот.
Наведувајќи дека предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата во првите години од животот, во извештајот се наведува дека постои итна потреба да се зајакне грижата за предвремено родените бебиња за да се зголеми стапката на преживување.
Утврдено е дека предвреме родените имаат голема веројатност да заболат од сериозни болести, попречености, доцнење во развојот, како и хронични болести како дијабетес и срцева слабост во зрелата возраст.
„Нема значително намалување на стапката на предвремено породување во ниту еден регион во светот во последната деценија. Годишното глобално намалување на предвремено породување помеѓу 2010 и 2020 година беше само 0,14 отсто“, се наведува во извештајот.
Соопштено е дека околу 65 отсто од предвремените раѓања во 2020 година биле регистрирани во субсахарска Африка и Јужна Азија.
Во извештајот се објаснува дека предвременото породување не е проблем кој се гледа само во земјите со низок и среден приход, туку дека оваа ситуација ги погодува семејствата насекаде во светот.
Додека стапката на предвремено раѓање беше 11,6 отсто во Грција и десет отсто во САД, оваа статистика е забележана и во некои земји со високи приходи.
Лошото здравје на мајките и неухранетоста, исто така, придонесуваат за високата стапка на предвремено породување.
Аншу Банерџи, директор на Институтот за мајчинско здравје при СЗО, рече дека бебињата родени предвреме се особено ранливи на здравствени компликации опасни по живот.
Посочувајќи дека бројките за предвремено породување покажуваат дека има потреба од итно инвестирање во постоечките услуги за поддршка на предвремено родените бебиња и нивните семејства, Банерџи посочи дека постои потреба да се постави фокусот на пристап до квалитетни здравствени услуги, особено пред и за време на бременоста.