сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Изложба на мачки во Хрватска- посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со т.н. „мачка врколак“

Изложба на мачки во Хрватска- посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со т.н. „мачка врколак“

Претстојниов викенд, во Големата сала на Спортскиот центар во хрватскиот главен град Загреб, во организација на Клубот на љубители на мачки „Фелис Кроатија“, ќе се одржи Меѓународното шоу за мачки.

Заедно со бројните раси мачки, посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со расата ликои, т.н. „мачка врколак“. Тоа е една од најнеобичните раси со природна генска мутација којашто ѝ дава на мачката специфичен изглед. Други релативно ретки раси се сингапурската мачка, кашмирската мачка (бенгалска мачка со долги влакна) и курилската мачка.

Врвот на изложбата и во двата дена ќе биде 16:30 часот, кога почнува „Шоуто на најдобрите“ (Best in Show) – изборот на најубавите мачки.

Изложбата ќе биде отворена од 10 до 18 часот. Цената на билетите за возрасни е 20 куни (2,65 евра), а за деца под 12 години – 10 куни (1,33 евра).