Мајка решила да му се одмазди на нејзиниот син кој ја изневерил сопругата со колешка од работа, пренесува Мирор.
Имено, мајката решила да го „удри“ синот онаму каде што најмногу го боли, па неговото куче го однела во куќата на неговата поранешна сопруга и децата, додека тој бил на работа во странство.
-Го сакам мојот син со целото мое срце, но тој навистина ја направи најглупавата работа досега. Се ожени на 20 години, а неговата поранешна сопруга веќе имаше тригодишна ќерка која ја сакам како своја внука. Имаа и едно дете заедно, мојот втор внук кој има две години. Тие беа совршено семејство, но тој го уништи со аферата што ја имаше со колешката. Неговата поранешна сопруга го избрка од дома и тој реши да се врати кај мене, напиша таа во објавата.
Бидејќи бил дома само 12 дена во месецот, не сакал да изнајми стан, а мајка му му дозволила да остане кај неа. Решил да и се одмазди на сопругата, па со себе го донел и своето куче кое децата многу го сакале.
Кучето е големо во раст и таму каде што живеело имало совршени услови. Мајката вели дека живее во стан во центарот на градот и нема услови за куче, особено не толку големо.
Исто така, вели таа, нејзиниот син целосно го запоставил кучето и всушност го чува само за да ја иритира својата поранешна сопруга што го избркала од дома.
-Додека работеше во странство,и се јавив на неговата поранешна сопруга и ја прашав дали сака кучето да се врати. За малку ќе заплачеше од среќа и веднаш спакував се што му припаѓаше на кучето и го одведов таму. Моите внуци беа пресреќни. Но, кога син ми дојде дома, почна да ме нарекува со секакви имиња бидејќи го дадов кучето, на што јас само му реков дека повеќе нема да биде добредојден во мојот дом ако се обиде да оди да го земе кучето и повторно да го донесе, објасни таа.
Што мислите за овој потег на мајката?