четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ќе се препознаете ли во овој текст? Еве што е пабинг

Ќе се препознаете ли во овој текст? Еве што е пабинг

Ако сте зависни од својот телефон и социјалните мрежи, тогаш ќе се препознаете во овој текст. Знаете ли што е пабинг?

Ако сте пабинг личност, тоа значи дека во друштво предност му давате на својот мобилен телефон, а не на луѓето околу себе.

Во истражувањето спроведено на универзитетот „Бејлор“ во кое учествувале 145 анкетирани двојки, тие имале задача да дадат одговор на прашања поврзани со навиките за користење на телефонот. Резултатите од ова истражување покажуваат дека пабингот (pubbing) предизвикува депресија и лошо влијае на меѓучовечките односи и љубовта.

Ве советуваме кога сте во друштво на пријателите или пак саканата личност, едноставно да го одложите користењето на телефонот за подоцна и да се концентрирате на луѓето околу вас. Ќе забележите колку тоа може да биде пријатно.