понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ќе ви се скрши срцето и ќе почувствувате гнев: Ова детенце умирало во најтешки маки, а очувот убиец за кратко ќе излезе на слобода

Ќе ви се скрши срцето и ќе почувствувате гнев: Ова детенце умирало во најтешки маки, а очувот убиец за кратко ќе излезе на слобода

Едногодишното дете, кое почнало во рацете на својот очув умирало полека и во страшни болки од повредите со кои се здобило пет дена дена пред да почине.

Вилијам Ендру О’Саливен, очув на малиот Мејсон Ли, во четвртокот бил осуден на девет години затвор, поради смртта на детето во јуни 2016. година.

О’Саливен се изјаснил како виновен по четири одвоени точки од обвинението пред Врховниот суд во Квинсленд, вклучувајќи и убиство и насилство над дете помладо од 16 години.

Обдукцијата утврдила дека малиот Мејсон имал обемни повреди по телото, со кои се здобил месеци пред неговото безживотно тело да биде пронајдено во куќата во која живеел со очувот, кој не побарал медицинска помош за детето иако било болно. За мајката на детето, Ен Мери Ли, медиумите не пишуваат ништо.

Рут О’Горман, негова адвокатка, изјавила дека нејзиниот клиент признал дека на детето му нанесол “удар или удари”, од кои би можело да умре три или пет дена подоцна. Во главно го шутирал.

 

Мејсон бил жртва на долготрајно и сериозно занемарување и злоставување во текот на својот краток живот. Неговата состојба во времето кога умрело била болна, рекол врховниот судија Кетрин Холмс.

-Не сте покажале ни грам нежност и топлина кон него. Уште полош, не сте направиле ништо да му помогнете, без разлика на последиците, му рекла таа на очувот.

Мејсон бил стар само 21 месец во јуни 2016. година, кога Итната помош го пронашла неговото безживотно тело во куќата на О’Саливен во Кубултур. Аутопсијата утврдила дека имал повеќекратни повреди во времето на смртта – скршена нога, опашка и што не најлошо, пукнатини во тенкото црево. Од тие пукнатини од стомакот му протекувал измет, што предизвикало тешко труење. Освен тоа, во крвта му биле пронајдени и траги од метамфетамин.

Судијата Холмс изјавила дека О’Саливен сам признал дека најверојатно бил под дејство на друга кога го тепал детето. Тој го довел во болница три недели пред смртта бидејќи детето ја скршило ногата, но лекарите се шокирале кога соблекле и виделе дека по гениталиите има обемен осип и длабоки гнојни чирови.

Последните часови детето повраќало, а болничарите го затекнале прекриен со модринки и повраќаници.

О’Саливен е осуден на само девет години затвор без право на ослободување во траење од четири години, што значи дека ќе може да бара да го ослободат веќе во 2022. година.