Можеби сте забележале досега дека на жените најчесто повеќе им студи отколку на мажите. Овој феномен многу научници се обиделе да го откријат.
Утврдено е дека причината е многу едноставна и би можело да биде објаснето со изреката „студени раце, топло срце“.
Истражувањето на медицинското училиште на Универзитетот Мерилинд потврдило дека температурата на женското тело е повисока во споредба со машкото. Иако многумина би помислиле дека поради ова на жените треба да им биде потопло, тоа е погрешно. Кога телото е навикнато да му биде топло, студениот воздух на топлото тело делува уште постудено.
Температурата на телото е уште поголема ако жената користи антибеби пилули бидејќи станува збор за хормонски пилули, а хормоните влијаат на температурата.
Жените имаат и помалку мускулна маса од мажите. Мускулите создаваат поголема топлина од телесната маса и така придонесуваат добро да функционира метаболизмот.
Исто така разликата во хормонскиот статус придонесува мажите и жените да имаат различна температура на телата.