сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Мајка на бебенце на удар на јавноста поради големиот број на тетоважи: Ми говорат дека сум лош пример за детето (ФОТО)

Мајка на бебенце на удар на јавноста поради големиот број на тетоважи: Ми говорат дека сум лош пример за детето (ФОТО)

Беки Холт (33) од Велика Британија своето тело го покрила со тетоважи и поради тоа привлекува големо внимание во јавноста. Дури 95 посто од нејзиното тело е покриено со тетоважи, за кои што до сега потрошила повеќе од 35 илијади евра.

На социјалната мрежа на Инстаграм има околу 50 илјади следбеници, иако претходно таквата популарност и годеше, откако стана мајка тешко се носи со тоа.

Имено, таа секојдневно се соочива со погрдни коментари и пораки поради својот изглед. Како што вели, жени сметаат дека откако ќе се стане мајка треба да се промени стилот на облекување, односно да станат „посериозни“ и да не го „украсуваат телото на начин на кој што ќе привлекуваат внимание“.

-Ми говорат дека сум го уништила своето тело, дека порано бев поубава, дека сум дебела, глупава, ментално болна и желна за внимание, а она што најлошо ми велат дека сум лоша мајка и лош пример за детето, раскажала Беки за „The Sun“.

Како што открива, во коментарите кои што ги добива, велат дека личи на актерка од филммови за возрасни, но и дека ќе зажалела што се тетовирала.

Во продолжение можете да погледнете фотографии од тетовираната мајка која се најде на удар на јавноста поради својот изглед: