недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Меѓу луѓето дефинитивно има монструми: Ограбени родители на дете со неизлечива болест

Меѓу луѓето дефинитивно има монструми: Ограбени родители на дете со неизлечива болест

„Внатре има лекови , кои само нему му се важни. Нема уште долго да живее“ , така несреќните родители ги молат крадците, кои ги ограбиле пред нивната куќа во Кент.

Попи Криси и Џек Голдап го паркирале автомобилот пред нивната куќа во местото Минстер, во британската област Кент. Тие го зеле своето едногодишно синче Аиртон и влегле дома. Додека да отидат по торбата во автомобилот, крадци им ја украле, а во неа биле лекарствата за детенцето, неговото кебенце и ајпад со негови фотографии.

Избезумената мајка преку британските медиуми ги моли крадците да ги вратат барем лековите, кои се вредни само за детенцето, кое боледува од неизлечива болест.

-На ајпадот има слики од Аиртон од кога е роден и тие се единствените што ги имам, моли мајката.

-Тој нема долго да живее и затоа сакаме да сочуваме се што има врска со него , изјави мајката.

На малиот Аиртон му била дијагностицирана Крабеова болест кога имал седум месеци. Станува збор за невролошка болест што предизвикува заостанатост, парализа, слепило и глувост, што завршува со смрт. Докторите сметаат дека детенцето нема да живее подолго од две години и покрај терапијата.

За среќа родителите добиле итен рецепт и ги набавиле лековите. Полицијата го истражува грабежот.