недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Момци, не претерувајте: Жените навистина сакаат романтика, но овие гестови би ви ги забраниле!

Момци, не претерувајте: Жените навистина сакаат романтика, но овие гестови би ви ги забраниле!

Точно е дека жените обожаваат романтични мажи. Но, се си има своја граница и не секоја идеја на мажите е романтична.

Погледнете кои се романтини гестови кои жените би ги забраниле:

Кревање во раце: да, тоа е навистина романтично, но не секогаш мажите се способни да направат проценка на тежината на девојката или пак на нивната способност да кренат некого во раце. Верувајте, не е толку лесно како што изгледа, па може да не успеете во обидот и со тоа да ја навредите девојката.

Листови од роза: Иако мислите дека изгледа романтично, всушност ливчињата од роза само ќе и „отворат дополнителна работа“ на жената која ќе треба да ги отстрани дамките кои ливчињата ги оставиле на чаршафите.

Посветување на песна: Внимавајте која песна ја посветувате на вашата партнерка, а ако не сте сигурни тогаш воопшто не се ни обидувајте. Многу мажи воопшто не го ни слушаат текстот на песната, туку и ја посветуваат на девојката бидејќи мислат дека е љубовна песна. Тука настануваат грешки, па жените се навредени и повредени од изборот на партнерот.

Влегување во када: Ако мажите сакаат партнерката да влезе во када со нив, не значи дека и жените го сакаат истото. Всушност, излежувањето во када за жените е време на мир, тишина и уживање. За разлика од мажите кои кадата ги асоцира на „влажен“ секс, жените едноставно сакаат да се опуштат.

Свеќи: Запалете неколку свеќи за романтична атмосфера, а не милион. Иако свеќите се одличен избор за создавање на романтичен амбиент, тие исто така се и потенциална опасност, а восокот кој се залепил на мебелот е невистина тешко да се исчисти.