Алберто Кормилот е лекар од Аргентина кој почнал да го привлекува вниманието во родната земја кога стапил во брак со жена која е 48 години помлада од него.
Тие се венчале во 2019 година, кога Алберто имал 81 година, а таа 33. Набрзо потоа, во 2021-ва, тие добиле и дете.
Алберто е роден во 1938 година во Буенос Аирес и важи за еден од најпознатите лекари и нутриционисти во државата.
Тој им помогнал на огромен број луѓе во текот на долгата кариера, овозможувајќи им да се справат со нарушувањата во исхраната не само во неговата ординација, туку и преку аргентинските медиуми.
Иако сите го знаеле Алберто, никој не се интересирал за неговиот приватен живот сè до 2019 година кога соопштил дека ќе се венча со Естефанија Паскини – жена која е 48 година помлада од него.
Нормално, лекарот најпрво бил критикуван од јавноста.
-Ние сакаме да се венчаме и на некои ова ќе им се допаѓа, а на некои не. Но, ова е наша одлука, изјави тогаш лекарот.
Истовремено, и семејството на Естефанија не покажувало голема поддршка.
-Мајка ми мислеше дека штом млада жена сака да се венча за многу постар маж, тогаш веројатно го прави тоа за пари. Не сакаше да сфати дека јас само сакав партнер кој ќе ме сака. Извесен период тато не ми дозволуваше да одам кај нив дома. На родителите им требаше цела година за да се согласат да го запознаат, вели Естефанија за целата ситуација.
Но, на крај тие сфатиле дека помеѓу Естефанија и Алберто сепак постои љубов, па се помириле.
Кога се венчал со Естефанија, Алберто веќе имал две постари деца – Адриан и Рене – но со новата сопруга сакале да го прошират семејството.
Естефанија немала други деца и отсекогаш сонувала да биде мајка, па со саканиот се договориле да се обидат.
-Естефанија е млада и сака да биде мајка, исто и јас. Ако остане бремена, со задоволство ќе го пречекаме детето, изјави докторот кога го прашаа дали сака да има трето дете.
Набрзо потоа Естефанија останала бремена, а во септември минатата година парот го доби нивото прво заедничко дете – синот Емилио.
Но, критиките од јавноста во врска со возраста на Алберто не престанале. Една од најлошите критики што ја слушнале лекарот и неговата сакана е дека Емилио ќе останел сирак бидејќи Алберто е многу стар.
Сепак, парот лесно се справува и со најзлобните забелешки и моментално најважно им е нивното дете да биде здраво и среќно.
-Сè што имаат да кажат другите, ние досега сме дискутирале. А, не ни размислував за мојата возраст сè додека другите не почнаа да го спомнуваат тоа, вели тој.
Моментално Алберто има 83 години, но со начинот на живот изгледа како многу помлада личност. Тој се храни здраво, активен е и генерално е во топ-форма.
-Двапати преживеав рак, имам проблеми со колената, како и со рамената и ’рбетот. Досега сум имал над 30 повреди. Но, продолжувам со животот, открива лекарот.
Алберто сега единствено се надева дека ќе го доживее 105-тиот роденден за да може да присуствува на дипломирањето на неговиот син.