Колку и да уживаме во маски за лице, од време на време не е лошо да си подготвиме нешто и самите.
Сода бикарбоната е бомба за ексфолијација на кожата и за отстранување на црнките.
Додавајќи малку сок од портокал, ќе ги затегнете порите и природно ќе ја избелите кожата благодарение на витаминот Ц.
Подготовка:
Измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица сок од портокал за да добиете густа смеса.
Нанесете тенок слој на лицето, вратот и на деколтето. Ќе почувствувате пецкање, но тоа е зашто маската делува. Оставете ја да стои 20 минути.
Намокрете ги врвовите од прстите и тријте со кружни движења за дополнителна ексфолијација.
Исплакнете го лицето и уживајте во неговиот свеж сјај.
Предупредување: Може да забележите мало црвенило по миењето, но тоа ќе исчезне за кратко. Оние со чувствителна кожа може да ја остават маската да делува пократко време.