понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е изгледот или парите: Еве што е најважно за жените до 30-годишна возраст кога бираат маж

Не е изгледот или парите: Еве што е најважно за жените до 30-годишна возраст кога бираат маж

Податоците од истражувањето на Техничкиот Универзитет Квинсленд во Австралија покажуваат дека образованието е најважна карактеристика, која денешните жени ја бараат кај мажите.

Во студијата која опфатила 40.000 корисници на интернет страниците за запознавање партнери, на возраст од 18 до 80 години, експертски тим анализирал повеќе од 250.000 интеракции на корисници на еден од најпопуларните и најдоверливи австралиски сајтови за пронаоѓање партнер.

Откриено е дека жените до 30-годишна возраст бараат партнери со исто или повисоко ниво на образование. Истражувањето покажува дека жените се многу попребирливи при изборот на партнери, а образованието е еден од главните индикатори на нивната интелигенција и општествен статус, што се, исто така, многу посакувани карактеристики кај посилниот пол.

Од друга страна, студијата наведува дека мажите се попребирливи до 40-годишна возраст, но подоцна имаат многу поголеми барања при изборот на партнерки.