среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не е пиењето кафе: Ова скоро сите го правиме наутро, а не сме свесни колку е штетно за здравјето!

Не е пиењето кафе: Ова скоро сите го правиме наутро, а не сме свесни колку е штетно за здравјето!

Пиењето кафе на празен стомак не е единствената штетна утринска навика што ја практикуваме.

Имено, денес речиси и да нема човек кој не го крева телефонот веднаш штом ќе ги отвори очите. Не се работи само за исклучување на алармот, туку за гледање и скролање низ социјалните мрежи.

Докторот Јоханес Вимер смета дека ова е навика што треба да ја промениме. Тој нè советува да се воздржиме најмалку две минути пред да ги видиме известувањата кога ќе станеме. Постепено треба да го зголемувате времето поминато без телефонот.

„Минута или две без телефон е доволно. Навистина не е многу, но е неверојатно добро“, напиша Вимер на својот Инстаграм профил. Ако почнете да ја менувате оваа навика, ќе забележите дека со текот на времето се чувствувате подобро.

Според истражувањето на Deloitte од 2015 година, дури 43 отсто од луѓето го земаат телефонот во рок од 5 минути по будењето. Според тоа истражување, дури 17 отсто веднаш го креваат телефонот. Тоа значи дека околу 60 луѓе наутро меѓу првите работи што ги прават е – го земаат телефонот.